ФУДБАЛ

Салихамиџиќ и Флик немаат најдобри односи, но тие работат заедно за доброто на тимот

Хасан Салихамиџиќ и Ханси Флик не се во најдобри односи, но прават се за да го направат Баерн што е можно подобар.

Врската помеѓу директорот и тренерот на баварскиот великан е строго професионална. Не е тајна дека тие честопати не делат мислење за одредени работи, особено кога станува збор за купување играчи.

Сепак, и двајцата ги оставија личните работи зад себе и се обидуваат да го соберат најдобриот можен тим за следната сезона.

Како и кај сите одлични тимови, Ковид создаде проблеми со финансиите. Така, буџетот на тимот од Минхен е помеѓу 50 и 80 милиони евра, а во рамките на тоа, Флик ќе мора да направи тим.

Разговорите меѓу него и Салихамиџиќ се постојани. Тие се обидуваат да ги најдат најдобрите решенија за тимот за следната сезона, а судејќи според потезите од минатото, нема да има премногу проблеми.