ФУДБАЛ

Салихамиџиќ и Нојер ја објавија групата на смртта, не можеа да не го спомнат Левандовски

Баерн во групата на смртта ќе игра заедно со Барселона, Интер и Плзен.

 

По вчерашната ждрепка за групната фаза од Лигата на шампионите во Истанбул, меѓу сите групи се издвојува групата Ц, во која има три гиганти, а со нетрпение се очекуваат дуелите меѓу Барселона и Баерн.

 

Секако, тоа се должи пред се на Роберт Левандовски, кој летово се пресели од Баерн во Барселона, но и поради претходните судири на двајцата великани.

Неодамна Левандовски изјави дека повеќе би сакал да избегне претстојна пресметка со својот поранешен клуб, но судбината сакала тој многу брзо да се врати во Минхен. За враќањето на Левандовски зборуваа спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, како и голманот на Баварците Мануел Нојер.

 

„Само фудбалот пишува такви приказни. Се соочивме со нив минатата сезона. Барселона добро се засили, има врвен тим вклучувајќи го и Лева. Ќе бидат два многу возбудливи натпревари. Едвај чекаме“, изјави Салихамиџиќ.

 

Покрај Барселона, ривали на Баерн во групата Ц ќе бидат и Интер и Викторија Плзен.

 

„Секогаш сакаме да се натпреваруваме во врвот и секако дека ќе се обидеме да победиме на секој натпревар. Ова не е лесна група. Тимовите добро се засилиле. Но, не можеме да чекаме. Ако ги сметаме Барселона и Интер, веќе се занимаваме со две тешки екипи. Ова се тимовите со кои сакате да играте. Камп Ноу е одличен стадион и таму бевме многу успешни. Исто така, со нетрпение го очекувам патувањето во Италија“, додаде Хасан.

 

Сепак, директорот на германскиот гигант не ја игнорира ниту Викторија Плзен, која другите тимови веќе ја „изедоа“.

 

„Многу сум внимателен со Плзен. Секако дека сме фаворити, но не е лесно. Сега не можеме да ги отпишеме. Момците ќе треба да дадат максимум на секој натпревар“, заклучи тој.

 

„Натпреварите против Барселона и Интер ќе бидат хит во групната фаза. Два големи клуба, два големи стадиони. Ми се допаѓа оваа група. Исто така, убаво е што толку наскоро ќе го видиме Роберт Левандовски. Нашата цел е јасна: да одиме во Нокаут фаза, можеме да го игнорираме тимот од Пилсен“, изјави голманот на Баерн, Мануел Нојер.