ФУДБАЛ

Салихамиџиќ: Мораме да бидеме трпеливи со Јувентус

Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ моментално е во Торино, каде што новинарите го виделе како го напушта стадионот на Јувентус и тоа го искористиле за разговор со него.

Салиханиџиќ како поранешен играч на Јувентус дојде да преговара со раководството на клубот околу купувањето на Матијас де Лихт. Тој истакна дека договорот се уште не е постигнат, но дека сакал лично да разговара со спортскиот директор на Старата дама, Маурицио Аривабене.

„Ми беше важно прво да седнам и да разговарам во живо со Аривабенер, но и со Недвед и Черубини. Поминав четири години во Јувентус како фудбалер и имам добри односи со сите во клубот и разбирам како функционираат работите таму. Првата понуда (60.000.000 евра) што ја испративме беше одбиена, но се уште ништо не е направено и се уште сме во преговори и треба да бидеме трпеливи и да видиме што ќе се случи на крајот“, изјави Салихамиџиќ.

Де Лигт пристигна во Јувентус пред три години од Ајакс и може да се каже дека не ги оправда очекувањата. Интерес за него покажа и Челзи.