Садио Мане очигледно летово би можел да го напушти Ливерпул и кариерата да ја продолжи во дресот на Баерн Минхен.
Мане има едногодишен договор со „црвените“ и ја одбил можноста за продолжување на соработката, а наводно покажал желба да го напушти Ливерпул ова лето и да бара друг клуб.
Сенегалецот освои речиси се што можеше со „црвените“ и веќе неколку сезони е главна ѕвезда на овој тим со Мохамед Салах. Сепак, Мане очигледно сака нов предизвик во кариерата и нема да му биде тешко да го пронајде.
Веќе извесно време се пишуваше дека Мане е многу блиску до преселба во Баерн, а Ливерпул од неговиот трансфер би требало да заработи околу 40 милиони евра.
Сепак, покрај Баерн, интерес покажа и ПСЖ, но се чини дека Мане веќе одлучил. Сенегалецот сака да оди во Минхен, а наводно сите дилеми околу тоа се разрешени кога разговарал со Хасан Салихамиџиќ.
Германските медиуми пишуваат дека Салихамиџиќ во неколку наврати разговарал со Мане и дека во последниот разговор јасно му кажал дека ќе биде прва ѕвезда на Баерн и дека нема да биде во сенка на играч, како што е случајот со Салах во Ливерпул.
Мане нема да биде во сенка на Левандовски доколку дојде во Баерн бидејќи полскиот напаѓач речиси сигурно ќе отпатува во Барселона, а тој трансфер наскоро треба да биде официјализиран.
Салихамиџиќ го убедил Мане во проектот што се создава во Баерн и јасно му ставил до знаење дека тој ќе биде главната ѕвезда на клубот. Преговорите меѓу Ливерпул и Баерн наводно веќе се започнати, а дали оваа сапуница наскоро ќе заврши, останува да видиме.