ФУДБАЛ

Салихамиџиќ никогаш помоќен во Баерн!

Хасан Салихамиџиќ е побезбеден во Баерн од било кога.

Салихамиџиќ неколку години е спортски директор на Баварците, успеа да состави навистина спектакуларен тим, а ја доби и „студената војна“ со Ханси Флик кој си замина од клупата.

Популарниот Салихамиџкќ во неколку наврати беше на работ на критики, но секој пат се извлекуваше и може да се каже дека неговата позиција е посигурна од било кога.

Кон крајот на декември постоеше можност Салихамиџиќ околу трансферот да ги нема истите овластувања како досега, бидејќи за соработник му беше доделен Марко Непе.

Сепак, според „Билд“, Оливер Кан, извршниот директор на Баерн, одлучил да му даде уште поголеми овластувања на прославениот репрезентативец на БиХ.

Салихамиџиќ ќе има повеќе слобода од кога било досега за да може да дејствува пофлексибилно и побрзо при пристигнувањето и заминувањето.

 

Кан на Салихамиџиќ му даде две цифри. Првата се однесува на вкупните плати на тимот, а втората на лимитот на буџетот за трансфери.

 

Во рамките на овие бројки, ќе може да оперира и да има целосна слобода да ги избира играчите кои сака да ги доведе без многу консултации со раководството на клубот.

 

Доколку некој играч оди на слобода, како што најверојатно ќе биде случајот со Никлас Суле, тогаш Салихамиџиќ ќе мора да најде соодветна замена без да ги надмине финансиските граници.

 

“Работам со Хасан долго време. Работиме добро заедно. Кога ќе го погледнете тимот кој го направи, сето тоа зборува за него. Заедно со Марк Непе и неговата стручност. Хасан ќе остане во Баерн уште долго време “, рече Кан.

 

Откако Салихамиџиќ стана спортски директор на Баерн, Баварците продолжија да доминираат во Бундеслигата и што е најважно за навивачите, успеаја да го освојат светот и Европа со освојување на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

 

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига