Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ отворено зборува за Кристијано Роналдо, фудбалерот кој им беше понуден во неодамна завршениот преоден рок.
Запрашан зошто напаѓачот на Манчестер Јунајтед не пристигна на „Алијанц Арена“, поранешниот репрезентативец на БиХ не ја демантираше оваа информација, ниту пак се обиде да ја избегне темата.
Поранешниот десен бек призна дека летово се размислувало за достапноста на играчот да игра во Баерн Минхен, но управата одлучила дека пред се мора да се почитува стратегијата и филозофијата на клубот.
Хасан Салихамиџиќ признава дека и оваа опција била разгледувана, но брзо била напуштена, откако ги анализирал опциите кои биле достапни во тимот.
Покрај тоа, Германците сметаа дека е несоодветно да се откажат од помлад, сестран фудбалер во корист на португалската ѕвезда.
Баерн Минхен моментално се потпира на Садио Мане, Лерој Сане, Серж Гнабри, Кингсли Коман, Томас Мулер, Матис Тељо, Џамал Мусиала и Ерик Максим Чупо-Мотинг во нападот.
“Кристијано Роналдо му беше понуден на Баерн. Играч со пет златни топки, има малку напаѓачи повешти од него. Зошто не потпиша за Баерн?”, праша новинарот Браза.
„Бидејќи веќе имавме формиран тим, со осум разновидни напаѓачки играчи кои можат да играат на четири различни позиции. Имаме голема почит кон Кристијано. Неговиот настап во светот на фудбалот беше импресивен, но ние имаме поинаква стратегија“, Ова го изјави лидерот на Баварците за весникот „Ел Паис“.
Да потсетиме, Кристијано Роналдо летово беше понуден на многу клубови кои играат во Лигата на шампионите, но на крајот остана во Манчестер Јунајтед.
На крајот остана без место како сигурен стартер во тимот на Ерик тен Хаг, а неговиот статус на незаменлив фудбалер во Јунајтед го презеде Маркус Рашфорд.