ФУДБАЛ

Салихамиџиќ тропна на вратата на Атлетико Мадрид: Францускиот играч за врска ново засилување за Баерн?

Францускиот играч за врска Томас Лемар би можел да ги засили редовите на европскиот шампион Баерн.

Актуелниот германски и европски шампион, Баерн бара засилувања, а според германските медиуми, едно од оние на кои баварскиот гигант „фрлил око“ е Лемар.

Атлетико би сакал да се ослободи од овој играч за врска, но проблемот е во тоа што Баерн го сака на позајмица една година, а клубот од Мадрид размислува само на продажба.

Дали ќе се постигне договор до крајот на преодниот рок, ќе дознаеме во наредните денови, а треба да се додаде дека и за зимскиот преоден рок се споменуваше доаѓањето на Лемар во Баерн.

Да потсетиме, овој фудбалер пристигна во Атлетико пред две години од Монако во трансфер вреден 70 милиони евра, но не ги оправда вложените пари.

Тој минатата сезона беше десет пати стартер, а на 30-те натпревари на кои настапи, не се запиша во листата на стрелците.