Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри (31) се враќа во англиската Премиер лига.
Искусниот француски играч се согласи за договор со Вест Хем и за овој тим ќе игра во следната половина на оваа сезона.
Насри се уште е под суспензија од УЕФА поради кршење на анти-допинг правилата, но од јануари може да биде на теренот и одлучи да ја прифати понудата од Лондон.
Французинот во Вест Хем ќе заработува 80.000 фунти неделно, а тоа ќе биде неговото враќање во Англија, каде од 2008 до 2017 играше за Арсенал и Манчестер Сити.