Герет Бејл по 64 години го однесе Велс на Мундијалот и ќе даде се од себе да игра на големото натпреварување во Катар.
„Малку е веројатно дека тоа ќе се случи“, изјави Бејл откако беше прашан дали наскоро ќе ја заврши кариерата по минималната победа над Украина и заминувањето на Светското првенство.
Бејл е слободен играч и може да разговара со кој било клуб, но веќе го доби првото одбивање. Тотенхем не го сака во своите редови.
„Петлите“ веќе еднаш го спасија, во сезоната 2020/21, кога овој офанзивец беше доста добар со 16 гола.
Неговата последна сезона во Реал ја одбележаа контроверзи како онаа кога поради повреда го пропушти Ел Класико против Барселона, а само четири дена подоцна беше подготвен за натпреварот Велс – Австрија.
Бејл сака по секоја цена да игра на Светското првенство во Катар и затоа е подготвен за шокантен трансфер. Телеграф пишува за деталите.
Имено, искусниот Велшанец би потпишал шестмесечен договор со Кардиф Сити од Чемпионшип, а по Светското првенство и почетокот на новиот преоден рок би барал друг клуб или дури би ја завршил кариерата.
За да ја одржи формата и да биде подготвен за Мундијалот, 32-годишниот фудбалер е подготвен и на огромно намалување на платата, што доволно говори за неговата желба да ја претставува својата земја на најголемиот светски фудбалски фестивал.