18 од 20-те клубови во Серија А се договорија дербито Јувентус – Интер да се одигра на 9 март, но два клуба го блокираат овој потег.
Одлуката за одложување на натпреварите поради ширењето на заразниот коронавирус, направи вистински хаос во Италија.
Се одбидуваат да пронајдат нови датуми за натпреварите што беа откажани минатиот викенд, вклучувајќи го и големото дерби на Јувентус – Интер.
Иако на крај беше одлучено големото дерби да се игра во понеделник на 9 март, Интер и Наполи гласаа против, а преостанатите 18 клуба се согласија за терминот.
Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, пред новинарите им изјави вчера дека идејата го покажала „здравиот разум“, но се чини дека се предомисли.
За утре попладне е закажана итна средба на 20 клуба на која ќе се разговара и да се гласа што да се прави следно.
Денес во Италија има 2.036 позитивни случаи на коронавирус, со 52 смртни случаи.