ФУДБАЛ

Само еден фубалер на ПСЖ не му се потсмеваше на Халанд, погодете кој?

Речиси целиот тим на ПСЖ по победата над Борусија Дортмунд (2:0) и елиминацијата на германскиот тим му се потсмеваше на Ерлинг Халанд, младата ѕвезда на „Милионерите“ поради специфичната прослава на головите.

Предводници на ова беа Мбапе и Нејмар, но еден играч сметаше дека не е време, ниту место за такво нешто, па одбил да се фотографира со остатокот од тимот.

Станува збор за Единсон Кавани. Очигледно дека Уругваецот не се вклопува во профилот на играчите кои во моментов владеат во соблекувалната на ПСЖ.