ФУДБАЛ

Само еден играч на Барселона не беше регистриран пред почетокот на сезоната

Екипата на Барселона успеа да ги пријави речиси сите фудбалери пред почетокот на новата сезона, а без регистрација остана само Французинот Жил Кунде.

 

Поради финансиски тешкотии, каталонскиот гигант е принуден да ги намали платите или да најде друг начин на финансирање за да регистрира нови фудбалери.

 

Проблеми имаше и оваа сезона. До денеска ниту еден од новите фудбалери не беше пријавен, но со активирањето на новата финансиска инјекција, Каталонците сепак успеаја да ги пријават речиси сите фудбалери.

Само Жил Кунде остана нерегистриран. Ќе мора да почека одреден период за да најде начин за негова регистрација, а тоа е продажба на некој од фудбалерите или намалување на нечија плата.

 

Францускиот дефанзивец летово пристигна на Камп Ноу. Тој пристигна од Севиља за 50 милиони евра, но за дебито ќе мора да почека одреден период.

 

Чави му вети дека ќе биде стартен стопер. Тој ја избра Барселона пред Челзи и потпиша петгодишен договор со каталонскиот гигант.

„Господинот Чави е причината поради која пристигнав овде. Разговарав со него неколку пати и бев многу импресиониран од неговиот говор. Разговорите беа многу флуидни и мислам дека на ист начин гледаме на фудбалот. Се надевам дека ќе направам колку што можно е да добиете што повеќе минути“.

 

„Јас сум динамичен фудбалер со многу енергија и добра способност да ја земам топката и да бидам многу агресивен. Пред се, јас сум фудбалер кој остава се на теренот“.

“Сакам да освојам се. Се разбира, имам цели, но не поставувам граници. Ќе слушам за да учам и ќе дадам се од себе”, изјави Жил Кунде по пристигнувањето во клубот.

 

Сепак, бидејќи тој беше меѓу последните што пристигна, беше одлучено неговата регистрација да не биде приоритет. Барселона избра и други засилувања и сите ќе бидат достапни за првиот натпревар сезонава против Рајо Ваљекано.