ФУДБАЛ

Само еден клуб го сака Нејмар, но тој не размислува да оди таму

Бразилската ѕвезда Нејмар (30) наводно би можел да ги напушти редовите на францускиот шампион ПСЖ.

30-годишниот фудбалер повеќе не е човекот околу кој се врти се во Париз, а бројни француски медиуми тврдат дека раководството на ПСЖ е подготвено да се ослободи од него.

Сепак, проблем е огромниот договор кој Нејмар го има во Париз. Неговата годишна плата е речиси 50 милиони евра и нема клуб кој би ја презел од ПСЖ.

Всушност, постои само еден – Њукасл. Најбогатиот тим на светот би сакал да види одличен Бразилец во своите редови, но фудбалерот не сака да биде таму и повеќе би сакал да го облече дресот на голем европски фудбалер.

Тоа во моментов не е можно. Барселона со која се поврза нема пари за огромни договори, а клубовите кои можат да го платат како Сити, Јунајтед, Ливерпул или Реал едноставно не се заинтересирани.

 

Договорот на Нејмар со ПСЖ е со важност до летото 2025 година и ќе биде интересно да се види што ќе се случи со него во наредниот период.

Бразилецот и понатаму е најскапиот фудбалер на светот. Тој во 2017 година од Барселона пристигна во Париз за 222 милиони евра, но поради своето однесување долго време е на милост и немилост на навивачите.

 

Нејмар во овие пет години одигра 144 натпревари за ПСЖ и постигна 100 гола.