Роберто Фирмино ќе го напушти Ливерпул на крајот од оваа сезона.
Бразилецот одлучи дека е време за промена и дека нема да го продолжи договорот со „црвените“.
Откако пристигна на „Енфилд“ во 2015 година, тој освои се што може да се освои со клубот, а минатата недела го информираше Јирген Клоп за својата одлука.
Иако договорот му истекува на лето и од јануари може слободно да преговара со други клубови, Фирмино нема да го стори тоа се додека Ливерпул е во игра за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Ова го потврди неговиот агент Роџер Витман.
„Во овој момент не размислуваме и не зборуваме за понудите кои се на маса“, изјави Витман во интервју за Calchomercato.
„Роберто е стопроцентно фокусиран само на своите обврски во Ливерпул, а тоа е да му помогне на клубот да избори пласман во Лигата на шампионите. Тоа е планот. „Откако ќе се исполнат целите на клубот за сезоната, Боби и неговото семејство ќе почнат да размислуваат за тоа кој треба да биде следниот предизвик“, додаде менаџерот на бразилскиот играч.
