Проблемите на Челзи доаѓаат еден по друг. Викендов, „сините“ направија уште еден погрешен чекор откако беа задржани на реми без голови на гостувањето кај Борнмаут.
И додека ова засега е краткорочен проблем, повредените ѕвезди на тимот дефинитивно спаѓаат во категоријата „сериозни“. Последен кој влезе во амбулантата е најскапиот играч во историјата на Премиер лигата – Мојсес Каиседо.
Англиското издание „The Sun“ ја пресмета вкупната сума на најдобрите единаесет повредени во составот. Куриозитет е што само овие 11 играчи на Челзи вредат близу 450 милиони евра.
На голот на тимот е Маркус Бетинели, кој на Стемфорд Бриџ дојде на слободен трансфер (0 милиони евра). Во одбраната се Рис Џејмс, кој е од академијата (0 милиони евра), Весли Фофана (81 милиони евра), Беноа Бадијашил (40 милиони евра) и Трево Шалоба (академија на Челзи).
Во средниот ред „стартуваат“ и Ромео Лавија (67 милиони евра), Мојсес Каиседо (133 милиони евра) и Керни Чуквуемека (20 милиони евра). Во нападот триото Нони Маудеке (40 милиони евра) и Кристофер Нкунку (60 милиони евра) се позиционирани на крилата, како и Армандо Броја (академија) на врвот на нападот.
Вкупната вредност на повредениот Челзи, пак, е 446 милиони евра.
