Килијан Мбапе (23) има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но неговата иднина се уште е нејасна.
Мбапе отсекогаш сакал да игра за Реал Мадрид и доби можност да замине во Шпанија на лето, а некои шпански медиуми уверуваат дека играчот му ветил на Флорентино Перез дека ќе дојде на крајот од сезоната како слободен играч.
Во исто време, ПСЖ прави се за да го натера Мбапе да го продолжи договорот и да му даде ненормални услови, а понудата што му беше претставена ја маѓепса мајката на францускиот репрезентативец.
Според фанцусиките медиуми, таа почнала да врши притисок врз својот син и смета дека ПСЖ заслужува Мбапе да му покаже лојалност во следните неколку години.
Таткото на Мбапе, пак, зборуваше за симпатиите на неговиот син кон Реал Мадрид.
„Јас сум навивач на Барса, но мојот син Килијан е навивач на Реал Мадрид. Ако замине сега во Барса, никогаш нема да може да игра за Реал Мадрид. Ако оди во друг клуб, секогаш може да оди во Реал Мадрид“, изјави таткото на играчот во 2017 година додека се уште беше член на Монако.
Сепак, сега е повеќе од јасно дека со месеци ќе имаме сага околу Мбапе и дека на крајот самиот играч ќе треба да одлучи каде ќе игра во сезоната 2022/23.
Да потсетиме, Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните четири пати беше француски шампион, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава постигна 22 гола на 32 натпревари и им подели 16 асистенции на соиграчите.