Навикнати сме на различни ситуации на балканските фудбалски терени.
Ни доаѓаат нови невообичаени сцени токму од кај нас, од Македонија, и иако предизвика смеење кај некои, повеќето веруваат дека тоа беше само тажна слика за моменталната ситуација во регионалниот фудбал, но и кодексот на однесување на стадионите.
За што всушност станува збор?
На дуелот помеѓу Скопје и Акадмеја Пандев, домашните играчи ја исфрлија топката. Топката отиде до трибините каде фатија домашните навивачи и играчот на Академијата Пандев кој се подготвуваше да извади аут ја побара топката од навивачите. Овој му пријде, но ја затресе топката и фудбалерот помисли дека навивачот сака да ја задржи топката за себе и ги замоли момчињата за нова топка за да извее аут, сепак изненадување. Споменатиот навивач му ја врати топката на играчот кога му го сврте грбот и го удри во главата. Ова е стар трик што не наиде на многу позитивни коментари.
https://twitter.com/i/status/1445738191500320768