ФУДБАЛ

Сампдорија испрати смешна порака до Меси, италијанскиот тренер понуди одличен одговор!

Откако Меси го извести раководството на Барселона дека сака да го напушти клубот, веднаш започнаа контроверзии каде може да ја продолжи кариерата.

Одлична работа на Твитер направи Сампдорија, чии администратори на шега испратија порака до Лео Меси.

„Последниот пат кога проверивме, нашата десетка е слободна“, се вели во објавата на „Твитер“ на Сампдорија.

Но, тоа не е крај. Италијанскиот тренер, Роберто Манчини, одговори на нивната објава.

„Би сакал да му ја дадам на Меси“, напиша Манчини.