Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, им вети на ракометарите дека ќе ги исплати долговите кои ги има кон ракометарите.
Ова ветување, Самсоненко го даде во интервју за „Фокус“ и притоа напомена дека се ќе биде исдплатено до крајот на 2020 година.
– Јас ја преземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020. година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе – изјави Самсоненко за Фокус.