ФУДБАЛ

Самуел Ето: Африканците не се почитуваат доволно

Самуел Ето, веќе пензиониран од играње фудбал, во неодамнешното интервју рече дека африканските фудбалери се потценети, осврнувајќи се на фактот дека само Џорџ Веј ја освои Златната топка.

„Африка доминира европскиот фудбал и тоа сигурно има влијание затоа што луѓето сакаат да видат гол на Меси. Јас освоив толку трофеи и постигнав толку голови што за мене е како да се освои Златната топка. Не би било скандал ако Салах или Мане ја освојат оваа награда. Африканските фудбалери не се почитуваат и не се доволно ценети“, истакна 38-годишниот играч.

Според Ето, проблемот треба да се најде и во Африканците кои се љубоморни и се мразат едни со други. Тој додаде дека „ако сите Африканци гласаа за Африканците, веројатно ќе имавме освоено некои награди“.