ФУДБАЛ

Сан Паоло во шок: Кјеза и Влаховиќ го потопија Наполи со своите вештини!

Тимот од Фиорентина го совлада Наполи на „Сан Паоло“ со 0:2 во 20-то коло од италијанската Серија А.

Кризата во тимот на Неапол не завршува. Виолиите им го нанесоа својот трет последователен пораз вечерва, а екипата на Џенаро Гатусо тоне подлабоко.

Вечерва видовме два одлични гола. Федерико Кјеза постигна гол за 0-1 во 26 минута, но Душан Влаховиќ го постави конечниот резултатот 0 -2 во 74 минута.

На српскиот напаѓач му беше дадена шанса да игра осум минути предвреме наместо Кутроне и покажа дека е исклучително талентиран фудбалер.

За Фиорентиниа ова е втора победа во низа. Големата криза стои зад нив и сега тие се изедначија со Наполи во поени и имаат по 24.

Домашниот тим очигледно има навистина тешка сезона и по толку години од следната сезона Лигата на шампионите најверојатно нема да гледаме на „Сан Паоло“.

ПОВРЗАНО

Серија А