Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез изјави дека е „рано“ да се зборува за Скудетото, бидејќи откри дека Антонио Конте создал силно „семејство“.
Чилеанскиот напаѓач допринесе за две асистенции на два натпревари во Серија А досега и е задоволен од „тимската посветеност“ во првата недела, особено откако Интер ја победи Фиорентина со 4-3.
„Првиот натпревар беше тежок. Ние губевме со 3-2 и се вративме на крајот“, изјави Санчез за „Скај Спорт Италија“.
„Посветеноста и желбата се секогаш присутни кога играте за Интер“, продолжи Санчез.
Интер тогаш победи во вторникот против Беневенто со 5-2, но Санчез вели дека Интер „може уште подобро“.
„Само два натпревари, сè уште е рано да се размислува за големи работи. Мора да се подобриме во менталитетот, да играме и да се браниме. Мислам дека одиме добро, но можеме и подобро. Сè уште е рано да се зборува за Скудетото, но можеме да зборуваме за тоа подоцна“, додаде тој.