ФУДБАЛ

Санчез: Сакав да го напуштам Јунајтед по првиот тренинг, веднаш го повикав агентот!

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез тврди дека планирал да го напушти Манчестер Јунајтед по првиот тренинг.

Санчез пристигна во Јунајтед од Арсенал и имаше огромна плата, но постигна само пет погодоци на 45 натпревари.

“Сакам да ви кажам нешто за тој период, за многу работи што направија да изгледам лошо. Имав можност да се преселам во Јунајтед, се чинеше примамливо. Особено затоа што сакав да играм таму како дете. Завршив со потписот, без многу информации за што се случува таму. Сфатив некои работи од првиот тренинг и сакав да го напуштам клубот”, рече Санчез и додаде:

„Му се јавив на агентот и го прашав дали можам да го раскинам договорот и дали можам да се вратам во Арсенал, но тој се насмевна и ми одговори дека такво нешто нема да биде во ред“.

Санчез потоа отиде во Интер на позајмица во 2019 година и сега е полноправен член на „нероаѕурите“, а Антонио Конте сериозно смета на него во новата сезона.