ФУДБАЛ

Санчо е скап за Ливерпул

Европскиот и светски шампион не е подготвен да потроши 85 милиони евра за англиската ѕвезда.

Ливерпул е еден од клубовите заинтересирани за услугите на Санчо.

Ливерпул заедно со Манчестер Јунајтед и Тотенхем се заинтересирани за англиската sвезда, која блеска во Бундеслигата со Борусија Дортмунд.

Англичанецот е вреден 85 милиони евра.

Сепак, Ливерпул не сакаат да ја платат цифрата за 19-годишникот, сметајќи ја за висока.

Санчо во изминатите две сезони е сензација на Бундеслигата, а извештаите на странските медиуми велат дека летово ќе се врати во Премиер лигата.

Офанзивниот фудбалер беше дел од Манчестер Сити во минатото, но немаше доволно простор на стадионот „Етихад“.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига