Откако се обиде да ја напушти Борусија Дортмунд во последниве преодни рокови, желбата на Санчо наскоро може да се оствари.
Имено, Манчестер Јунајтед се уште е заинтересиран за неговите услуги, а овојпат тимот од Дортмунд нема проблеми со продажбата на овој играч.
Наводно, тие се подготвени да го продадат Санчо со цел да соберат пари и да донесат одредени засилувања и да се обидат да ја прекинат доминацијата на Баерн.
Како замена за Санчо, има само еден избор, а тоа е фудбалерот на Штутгарт, Тангуј Кулибали, кој ќе биде донесен доколку Англичанецот ја напушти Борусија Дортмунд.