Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јадон Санчо уште еднаш покажа зошто многу европски великани се решени да го донесат.
Санчо вчера стана најмладиот играч на Бундеслигата со 50 асистенции на дуелот со Арминија Билефелд, а досега има одиграно само 99 натпревари во Бундеслигата.
20-годишникот постигна еден гол и имаше една асистенција на мечот против Арминија Билефелд, што им донесе на популарните Милионери нови три бода.
„Воодушевен сум што станав најмладиот играч на Бундеслигата со 50 асистенции“, напиша Санчо на Твитер.