Според „Скај Џермани“, Баерн во намера да го донесе Сане во Минхен, испратил понуди и до Сити, но и до самиот фудбалер. но Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане нема да замине во Баерн Минхен и покрај вртоглавата понуда на Баварците.
Понудата до „граѓаните“ достигнува солидна бројка од 80 милиони евра, додека на 23-годишниот фудбалер му е понуден договор од пет години вреден 10 милиони евра по сезона.
Сане во Манчестер Сити е еден од клучните играчи и го има осигурано местото во стартниот состав.
Германскиот репрезентативец дојде во Манчестер во 2016 година од Шалке за 50 милиони евра. Тој досега постигна 39 голови на 133 натпревари, а само минатата сезона постигна 16 голови на 47 натпревари.