ФУДБАЛ

Сантош: Бев загрижен за Роналдо

Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош призна дека е загрижен за статусот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата имаше проблем со менаџерот Ерик тен Хаг, но впечаток е дека страстите се смирија, што го израдува Сантош во пресрет на Мундијалот во Катар.

 

„Не се мешам во работата на моите колеги. Денес се е поинаку, Кристијано разговараше со тренерот и беше стартер на последните неколку натпревари против Шериф, Вест Хем и Реал Сосиедад. Играше не само во Лига Европа, туку и во првенството“, изјави искусниот тренер и продолжи:

„До неодамна беше невозможно да се каже нешто за ритамот на играчите, но во моментов тоа прашање навистина не стои. Да, имаше момент кога бев загрижен за Кристијан, кога беше објавено дека нема да тренира со тимот. Да работеше индивидуално, ќе беше многу тешко. Сега е поинаку, а пред него има уште натпревари“.

Португалската репрезентација на Мундијалот е во група со Гана, Уругвај и Јужна Кореја. Првиот натпревар се игра на 24 ноември против Гана во Доха.

ПОВРЗАНО

Лига Европа