Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се најде на удар откако Јувентус беше поразен на гостувањето кај Верона минатиот викенд.
Јуве претрпе неочекуван пораз од 2:1 против Верона и го загуби водството. Интер се врати на првото место со победа против Милан со 54 бода како и Јувентус, но и подобра гол разлика.
По натпреварот во Верона, Сари се најде под сериозни критики и веднаш се шпекулираше дека челниците на Јувентус се наскоро ќе го отпуштат и да бараат нов тренер.
Сари, исто така, вчера имаше средба со челниците на клубот за да го анализира натпреварот против Верона. Но, денес тој изјави дека ситуацијата е нормална и дека не е неочекувано тој да има толкав притисок како тренерот на Старата дама.
„Притисокот е нормален во нашата работа и ако не сакав да се соочам со критики, тогаш би работел во пошта. Ние сме на добар пат да ги постигнеме целите што ги поставивме пред да започне сезоната и сè оди според планираното. Имав нормална вечера со клупските челници која беше планирана по натпреварот со Фиорентино. Разговаравме за се и тоа беше навистина пријатно“, рече Сари.