Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Рома (1:2) синоќа во 19. коло од италијанската Серија А.
Старата дама ја реши играта во првите десет минути кога наидоа на водство од 0:2 со головите на Мерих Демирал и Кристијано Роналдо. Рома успеа да ја намали резликата со голот на на Пероти за 1:2, но се покажа дека тое е конечниот резултат на натпреварот.
По натпреварот, Маурицио Сари не беше задоволен од играта на неговиот тим, бидејќи беше свесен дека Рома можеше да изедначи во финишот во мечот.
„Игравме добро 60 минути и потоа Рома го притисна и го диктираше темпото. Не ми се допадна да застанеме и да го одржуваме водството наместо да се обидеме да постигнеме уште еден гол. Имавме три или четири контри и не ги искористивме. Среќен сум со резултатот, но можеше да биде многу подобар“, рече Сари.
Италијанските медиуми беа заинтересирани да го прокоментира потегот на Дибала кој беше видно незадоволен од промената во средината на втората половина.
„Искрено ќе ви кажам дека апсолутно не ме интересира. Во нашата игра видов дека морам да сменам нешто и ја донесов таа одлука. Пауло може да го даде својот одговор на теренот и тоа е нормално. Никогаш не сум видел играч да го напушти теренот и да е среќен заради промената“, додаде тренерот на Старата дама.