ФУДБАЛ

Сари го исфрли Сергеј Милинковиќ Савиќ!

Сергеј Милинковиќ Савиќ беше исфрлен од екипата на Лацио.

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна причина за ваквата одлука е врската помеѓу Савиќ и тренерот Маурицио Сари.

Сари не го ставил Савиќ во протоколот за натпреварот со Венеција кој се игра во среда, а незадоволен од неговото однесување се пожалил на челниците на клубот.

Савиќ ќе го напушти Лацио во летниот преоден рок, но тоа би можело да се случи и порано.

Лацио сака да прифати дел од понудите веќе во јануари.

Оваа сезона СМС забележа 23 настапи во сите натпреварувања и додаде пет гола и асистенција.

Тој е член на Лацио од летото 2015 година, а претходно настапуваше за Генк и Војводина.