ФУДБАЛ

Сари испиша историјата во Челзи

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, вчера ја испиша историјата на овој клуб, кој го презеде летото кога го наследи Антонио Конте.

Иако Челзи во некои од претходните години знаеше да е екстремно доминантен во Премиер лигата, никогаш не се случило да нема пораз во првите десет кола.

Оваа сезона, Челзи ја започна сезоната на брилијантен начин, а во првите десет натпревари во лигата славеше на седум натпревари, а запиша и три нерешени.

Единствениот пораз на Сари на клупата на Челзи всушност беше дебито кога загуби од Манчестер Сити со 2:0 во Комјунити Шилд.

Челзи, исто така, досега славеше во сите три европски натпревари, а во Купот Карабао го победи Ливерпул на Енфилд.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига