Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, смета дека неговиот тим често е критикуван без причина.
Јувентус во понеделникот ја совлада Болоња со 2:0 и е на првото место на табелата со четири бода повеќе од Лацио.
„Делувавме поподготвени. Ние го одржувавме темпото 70 минути“ , рече Сари.
На критиката дека премногу се потпира на одличните напаѓачи, искусниот стручњак рече:
“Кога имате играчи во тимот кои се на тоа ниво, секако очекувате од нив да ја решат играта. Постојат неколку мислења и факти во фудбалот. Да слушате мислења, би рекле дека се распаѓаме, а ние сме на врвот на табелата. Критиката понекогаш е претерана.”