Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, го изедначи рекорд со оној на Френк Кларк, кој во 1994 година на клупата на Нотингем успеа да биде без пораз во првите 11 натпревари во лигата.
Челзи има осум победи и три нерешени во првите единаесет кола од Премиер Лигата, а е на второ место со 27 поени, два помалку од Манчестер Сити.
Вчера, Челзи на Стемфорд Бриџ го победи Кристал Палас со 3-1 со два гола Алваро Мората, кој Сари по натпреварот го пофали и критикуваше во исто време.
„Тој мора да игра за тимот и да не размислува многу за головите. Головите се резултат на тимска работа. Тој е многу млад, ранлив е на ментална страна, но напредува“, рече Сари и продолжи:
„Во последниот месец, тој навистина направи голем напредок како личност, во областа на самодоверба, техника… Има голем физички и технички потенцијал и мислам дека може да напредува уште многу и многу брзо“.
Алваро Мората постигна пет гола оваа сезона во Премиер Лигата, од кои три во последните два натпревари.