Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја отфрли идејата да игра со тројца дефанзивци.ж
60-годишниот тренер, зборувајќи пред медиумите пред натпреварот во домашното првенство против СПАЛ во сабота, рече дека неговиот систем не може да работи со тројца централни дефанзивци и исто така го идентификувал вистинскиот проблем со кој се соочува неговиот тим на одбрамбениот фронт.
„Одбрана со три играчи не е изводлива за мојот систем“, рече Сари.
„Со тројца играчи во одбраната има помалку покриеност на средниот ред, а во мојот систем не можеме да го сториме тоа. Нашиот проблем е што ги немаме сите дефанзивци“, рече Сари.