Фудбалерите на Јувентус утре на домашен терен играат натпревар во рамки на 10. коло од Серија А.
Старата дама минатиот викенд ремзираше против Лече (1-1) во натпревар во кој не настапи Кристијано Роналдо. Но, по кратката пауза, Португалецот утре треба да игра од првата минута.
Тренерот на тимот Маурицио Сари денеска потврди дека Миралем Пјаиќ и Гонзало Игуаин веројатно ќе го пропуштат утрешниот натпревар поради повредите во претходниот натпревар. Сепак, двајцата треба да се вратат во тимот до викендот.
„Пјаниќ нема повреда на мускулите како што се мислеше, но ќе видиме како е. Не беше во можност да тренира вчера и нема да ризикуваме ништо утре. Игуаин доби удар во главата и исто така не тренираше вчера. Сепак, ќе видиме денес по тренинг и ќе одлучиме кој ќе игра утре“, рече Сари.
Даглас Коста ќе се врати во составот, откако беше надвор од терените повеќе од еден месец поради повреда.
„Коста се врати по 45 дена и има само една тренинг сесија со тимот, но очекувам тој да игра неколку минути утре. Ако Игуаин не игра, тешко е да се игра во формација 4-3-3, но ние сме подготвени за се“. додаде тренерот на Јувентус.