ФУДБАЛ

Сари никогаш не доживеал вакво нешто во кариерата (ВИДЕО)

Лацио и Удинезе денеска го одиграа осминафиналето на Купот на Италија, а домашните играчи продолжија понатаму.

Дуелот меѓу Лацио и Удинезе на заврши без победник, со резултат 0:0, но со голот на Имобиле, Лацио по продолжение стигна до четвртфиналето, каде го чека Милан, кој претходно ја исфрли Џенова, исто така во пподолжение.

За време на натпреварот во Рим настрада“Маурицио Сари. Тој беше веднаш до аут-линијата кога беше разнесен од играчот на Удинезе, Игнасио Пусето.

Пусето се избори за една топка, налета на Сари, кој падна, а очилата му летнаа во воздух.

Сари и Пусето потоа се помирија со насмевка и прегратка, сфаќајќи дека тоа е несреќен случај, а тренерот им мавна и на навивачите на Лацио кои го пееја неговото име.