Тренерот на Лацио, Маурицио Сари вчера се сретна со сопственикот Клаудио Лотито. Тренерот побарал да бидат ангажирани неколку нови регрути за продолжување на договорот со клубот.
Поранешниот тренер на Јувентус и Наполи минатото лето потпиша двегодишен договор. Римското раководство генерално беше задоволно од работата на Сари, но поразот на Рома од 0-3 покрена некои прашања за иднината на тренерот. Лотито и Сари се очекува повторно да се сретнат за неколку недели, но 63-годишниот најверојатно нема да потпише нов договор пред крајот на сезоната.
#Lazio, incontro #Sarri – #Lotito: per restare servono 7-8 rinforzi sul #calciomercato https://t.co/PeZVfRX1Y2 pic.twitter.com/YH8RGq6Mtx
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 1, 2022