ФУДБАЛ

Сари: Роналдо не е во форма

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, во вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите, кој неговиот тим славеше победа против Локомотив Москва со 2:1 во 81. минута, го замени Кристијано Роналдо, со Пауло Дибала.

Додека го напушташе теренот, Роналдо не беше задоволен од одлуката на тренерот, но Сари го даде одговорот.

„Роналдо не е во форма како што сака. Имал проблеми со коленото. Во текот на првиот дел, беа видливи проблемите со коленото. Тој направи потег за време на спринтот и не изгледаше како што треба. Се плашев дека може да се повреди и тогаш го направив најдобриот потег за него, го извадив од игра“, рече Сари.

Роналдо досега постигна само еден гол на четири настапи во групата „Д“ во Лигата на шампионите и во Серија А не ги тресе мрежите како минатата сезона.

ПОВРЗАНО

Серија А