Реал Мадрид ќе го пречека Тотенхем, но најголемо внимание ќе привлече дуелот во Манчестер, каде „граѓаните“ на Гвардиола ќе го пречекаат тимот на Наполи.
Новата сезона Сити игра фантастичен фубал и има заслужено да биде на лидерската позиција во групата Ф, тоа го потврдува и тренерот на Наполи, Маурицио. Тој изјави дека вечерва ќе биде многу тешко за неговите момци, затоа што се соочуваат со најдобриот тим.
Сити има фантастичен тим и оваа сезона скоро секој натпревар го добиваат со пет постигнати гола. Последен пат не момците на Пеп не постигнаа гол во август, а во одбраната се непогрешливи. Стилот на игра им е претпознатлив, но сепак, тешко е да се игра против тим кој игра пресинг на твојата половина. Повеќе од јасно е дека сегашниот тим на Сити е најдобриот во Европа“, вели Сари.