ФУДБАЛ

Сари: Слушнав дека Интер игра добро, но не сум гледал ниту еден нивни натпревар

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, ја анализираше победата на својата екипа од 2:0 над Спал.

„Имавме проблеми да го пронајдеме вистинското темпо на почетокот на играта, Спал беше многу мирен. Во вториот дел беше подобар. Создадовме повеќе шанси и претрпевме помалку. Јас сум презадоволен од настапот на Матуиди како лев бек “, изјави италијанецот првично.

„Дибала ни дава поквалитетни и поинтензивни решенија. Роналдо денеска беше во акција и создаде 4-5 шански кон гол, додека Игуаин одлично се снајде во оваа сезона. Добро е да имате тројца напаѓачи, која и да е комбинација што ќе изберете ќе успева “, продолжи Сари.

Интер? „Не сум гледал ниту еден нивни натпревар оваа сезона, бидејќи се фокусиравме само на следниот натпревар. Денес, ќе видиме неколку натпревари на Баерн Леверкузен. Слушнав дека Интер игра добро, не се сомневам во квалитетот што го имаат во играчите и тренерот. Од почетокот реков дека ова ќе биде поизбалансирана сезона“, заврши тренерот на Јувентус.