ФУДБАЛ

Сари во проблеми пред судирот против Лион

Фудбалерите на Јувентус утре ќе го пречекаат Лион на домашен терен, во рамките на возвратниот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Старата дама беше поразена со 1:0 на првиот натпревар и извесно е дека играчите на овој тим утре ќе бидат под притисок. Се очекува Јувентус конечно да ја освои ЛШ, но Лион нема лесно да се откаже од четвртфиналето.

Фудбалерите на Јувентус го одиграа својот последен тренинг пред денешниот натпревар, а во центарот на вниманието беше Пауло Дибала, кој има одредени проблеми со повреда и се чини дека тој нема да игра од првата минута утре.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала ќе остане на клупата, а наместо него треба да игра Гонзало Игуаин. Исто така, изненадување е што Хуан Куадрадо би можел да биде во офанзива уште од првата минута наместо Бернардески.

Веројатно составот на Јувентус: Шчесни, Данило, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентанкур, Рабиот, Пјаниќ, Куадрадо, Роналдо, Игуаин.

Натпреварот во Торино се игра денес од 21 часот.