Тренерот на Челзи, Маурицио Сари беше многу задоволен по синоќешната победа на неговиот тим против МОЛ Видеотон во лигата на Европа, особено поради фактот дека Алваро Мората конечно постигна гол.
Шпанскиот беше 470 минути без постигнат гол, но успеа да постигне гол во Лигата на Европа и да го прекине голгетерсиот пост.
Тренерот Сари изрази надеж на Мората ќе му се зголеми самодовербата и ќе игра се подобро и подобро.
“Јас сум многу среќен, бидејќи тој постигна гол. Тоа е важно за него, да игра добар натпревар и мислам дека го направи тоа. Треба да игра за тимот како што играше сега. Алваро може да се ресетира по овој натпревар. Се надевам дека тоа ќе му ја зголеми самодовербата. Мислам дека игра подобро отколку во претходниот период”, рече Сари.