Тренерот на Наполи, Маурицио Сари изјави дека неискористените шанси на неговите напаѓачи го решија дербито со Јувентус. Тој немаше никакви забелешки на тимот кој одигра добро.
– Ги држевме 70 минути во нивната половина. Тоа значи дека се движиме добро со топката. Проблемот е во тоа што нашите напаѓачи се уморни и не ја претворивме својата доминација во гол. Му дозволивме на Јувентус неколку контра-напади и тоа е тоа. За жал, немаме многу опции во нападот и не можеме да користиме друг систем бидејќи Мертенс е единствениот централен напаѓач, рече Сари.
Тој додаде дека многу му е жал за навивачите кои го бодреа Наполи во текот на целиот дуел, но немаа причина да се радуваат на крајот.
Јувентус победи во дербито со 1:0, со голот на Гнзало Игуаин.