Челзи како гостин го совлада Барнли со високи 4:1 и така го задржа чекорот до водечките екипи во Премиер лигата.
Сините до победа ги водеа Мората, Вилијан, Лофтус Чик и Баркли, кој посебно се истакна со еден гол и две асистенции, а на крајот од натпреварот шанса за гол доби и Жиру.
Константно оспоруваниот француски играч не постигна ниту еден гол во Премиер лигата, а денес за дваесетина минути пропушти неколку добри шанси за конечно да се запише во стрелците.
Реализацијата повторно се изостави, а за тоа, по натпреварот зборуваше и Маурицио Сари кој призна дека се разочарал затоа што и по дадената шанса, Жиру не успеа да даде гол.
„Многу сум среќен за Мората и Лофтус-Чик, но Жиру денес ме разочара. Требаше да постигне гол и жал ми е што тоа не се случи, затоа што знам колку е тој потребен.” Кажа Сари продолжувајќи:
„Сè на сè сум задоволен. Од десетата минута па до крајот бевме доминантни, што значи дека 80 минути господаревме на теренот. Единствено не сум задоволен од начинот на кој го отворивме натпреварот, а сè останато беше супер.” Изјави Сари по натпреварот
Челзи на овој натпревар настапи без Еден Азар, кој е лесно повреден.
„Сакам да го видам Азар на терен колку што е можно поскоро, се надевам, до недела. Не знам што му е точно, најверојатно само болка во стомакот. “ Заклучи менаџерот на Челзи.