ФУДБАЛ

Саудиски принц понудил 10 милијарди евра да ја купи Барселона!

Мохамед бин Салман, еден од водечките луѓе на познатата PIF фондација, повторно се заинтересира да влезе во уште едно фудбалско поглавје, овој пат нешто посериозно.

Бин Салман веќе е сопственик на Њукасл заедно со своите соработници, но одамна е јасно дека тука не сака да застане.

Шпанските медиуми ексклузивно дознаваат дека тој сака да ја купи Барселона за сума од 10 милијарди евра.

Инвеститорот од Саудиска Арабија, покрај тоа, ветува и целосно решение за долговите во кои Блауграна се „дави“ со години, што е понуда која се добива само еднаш во животот.

Дополнително, е ветен и раскошен трансфер буџет, како и наводна приоритетна цел во вид на еден од најдобрите напаѓачи во современиот фудбал.

Саудиските инвеститори се познати како луѓе кои не штедат пари во ниту еден сегмент од работењето, што е особено добра вест за Флик, а потоа и за сите љубители на шпанскиот великан.

Вреди да се напомене дека со евентуална купопродажба, Барселона би станала најскапо платен фудбалски колектив во историјата.