ФУДБАЛ

Саудискиот принц го презеде Њукасл Јунајтед!

Саудискиот принц Мохамед бин Салман и неговиот инвестициски фонд станаа сопственици на Њукасл Јунајтед.

Според државната телевизија во Саудиска Арабија, управата на Премиерлигата даде зелено светло за продажба на овој клуб, така што новиот сопственик на тимот од „Св. Џјмс Парк“ стана принцот Бин Салман и неговата компанија.

Принцот го купи клубот од Мајк Ешли за 300 милиони фунти, а во претходниот период се појавија некои проблеми со договорот бидејќи Саудиска Арабија беше обвинета за пиратство и овозможување нелегално гледање на британските програми на нејзината територија.

Сепак, судејќи според државната телевизија на Саудиска Арабија, работата е конечно завршена, па Њукасл стана веројатно најбогатиот фудбалски клуб во светот.

Бин Салман се очекува да има огромни инвестиции во клубот, а тие би можеле многу брзо да дојдат до врвот на англискиот фудбал.