Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез изјави дека не планира да ги напушти Јорганџиите.
Саул не е заинтересиран да го напушти Ванда Метрополитано без оглед на околностите. Тој одигра над 200 натпревари во Атлетиковиот дрес, а неодамна се истакна и со головите против Англија во Лигата на нациите.
Тој е многу важен во составот на тренерот Диего Симеоне, има договор до 2026 година, а клаузула за откуп е 134 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед во голема мера се поврзува со Нигез, но „El Confidiencial“ вели дека Саул нема намера да го напушти клубот и тоа му го кажал на Симеоне.