ФУДБАЛ

Саутемптон повеќе не смета на Габијадини

Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадин ја одби слободната рака од Саутемптон за да најде нов ангажман.

Овој 27-годишен фудбалер во Саутемптон пристигна пред две години, од Наполи за 17 милиони евра, но не го оправдал епитетот на засилување, иако имал доволно можност да се докаже.

Оваа сезона одигра 12 натпревари, но постигна само еден гол и очигледно во Саутемптон одлучиа да се ослободат од него во преоден рок во јануари.

„Во моментов имаме премногу играчи и некои од нив ќе треба да не напуштат. Еден од нив е Габијадини за кој се заинтересиран неколку клубови, па може да замине во наредните денови“, изјави менаџерот на Саутемптон.

Италијанските медиуми пишуваат дека интерес за Габијадини покажаа од Милан, кој би сакале да се вклучат во овој преоден рок.

Маноло Габијадин во текот на својата кариера играл за Аталанта, Цитадела, Јувентус, Болоња, Сампдорија и Наполи, а договорот со Саутемптон важи до 2021 година.