Натпреварот помеѓу Норвич и Саутемптон го отвори 30-то коло од англиската Премиер лига.
Тоа беше дуел на двата тима од долниот дел на табелата, а во него Норвич не успеа да го фати еден од последните возови за да се приклучи на борбата за опстанок.
На крајот, тие беа убедливо поразени од Саутемптон со резултат 3:0, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме.
Ингс донесе предност на гостувањето кај Саутемптон во 49-та минута, а истиот играч му асистираше на Армстронг за водство од 2-0 пет минути подоцна.
Сите дилеми околу победникот во вечерашниот дуел ги реши Редмонд, постигнувајќи го третиот гол за конечните 3:0.